Четири жени во Старо Нагоричане на разбој досега изработија 24 народни носии

Сподели со своите пријатели

Општина Старо Нагоричане во партнерска соработка со Културно Уметничкото Друштво ”Српски вез”, се во фаза на реализирање на проектот одобрен од страна на Совет на Европа, наменет токму за формирање на огранок на културното друштво во ова општина.

Loading...
12047600_10153634452538767_1989809863_n

Во рамките на проектот беше отворена и работилница каде што рачно се изработуваат  носии од страна на четири жени кои беа обучени од експертот за модерно ткаење, Миодраг Анѓелковиќ од Врање, Република Србија.

Работилницата располага со неколку разбоја, машини за шиење и друго, и предвидена е изработка на три вида на носии, и тоа 12 комплети на носии од областа Шумадија, 12 комплета носии од Пчињскиот регион и 12 комплета носии од Македонија.

Досега се изработени првите два комплета, односно 24, а остануваат да се доизработат уште 12 носии, информира претседателот на КУД ”Српски вез”, Далибор Китановиќ

– Според проектот, истотака, во работилницата е предвидена и изработка на сувенирии и украсии кои ја симболизираат општина Старо нагоричане и општина Куманово. Сите сувенири и носии кои ќе се изработат во работилницата е предвидено да бидат изложени на изложба кон крајот на годината кога и завршуваа проектот, вели Китановиќ.

Овие денови работилницата и општината ја посети Александра Вујиќ претставник од Совет на Европа.

12048539_10153634484033767_2006818243_n

Инаку, децата членови на КУД ”Српски вез” со новите носии на 7 август ова година настапија во с.  Младо Нагоричане во рамки на прославата на верскиот празник Света Петка,  со следен закажен настап на претстојните Бајловски средби закажани за 4 октомври во с. Бајловце.