Четири нови пациенти заразени со коронавирус се регистрирани во земјава и тие ќе бидат префрлени на Инфективната клиника во Скопје, најави министерот за здравство Венко Филипче.
Осуммината претходно регистрирани се стабилни, освен првата пациентка од ѐдебар која има влошување на состојбата и е на граница да биде поставена на машина за дишење.
Сите новозаразени се поврзани со двојката од Дебар, па затоа целата општина заедно со општина Центар Жупа ќе бидат ставени во карантин.
Тоа значи дека се забранува влез и излез во и од овие две општини во следниот период.
Како ќе се одвива ситуацијата допрва ќе се носат одлуки од Владата.
Со четирите нови случаи, бројот на заболени во земјава се искачи на 13, од кои првата е излекувана и утре ќе биде пуштена на домашно лекување.
Во моментов се тестира наш државјанин кој денеска пристигнал на аеродромот во Скопје. Истиот е сомнителен, а изолирани се и сите патници кои седеле во негова близина.
Никола Ивановски