Четири начини за полнење на мобилниот телефон кога нема струја (видео)

Сподели со своите пријатели

Веројатно некогаш ви се случило да останете без струја, а истовремено да ви се испразни и батеријата на мобилниот телефон. За среќа, можете да здивнете затоа што сега постои решение и на овој проблем.

Својот мобилен телефон секогаш полнете го со оргинален полнач, но ако баш се најдете во тесно, можете да ги испробате и следните методи.

Резервна батерија

Преставува најлесен и најефикасен начин за полнење на мобилните телефони без полнач. Резервните абтерии можете да ги наполните однапред кога имате напојување, а потоа ги употребувате за напојување на телефонот и другите уреди доколку на располагање немате струја. Може да се купат и преку интернет или специјализирани продавници.

Loading...

Соларни панели и полначи

Благодарение на овој мал уред, можете да го наполните телефонот со помош на соларна енергија. Едноставно раширете ги панелите и свртете ги кон сонцето за да првин го наполните самиот уред, што би требало да трае околу 10 часа, а потоа можете да го наполните и телефонот. Тоа е многу исплатлива варијанта, побезбедна од резервните батерии затоа што не бара струја за полнење.

Рачен лост

Овој уред е најприкладен начин за пружање на енергија на вашиот телефон. Поголемит лост отприлика е еднаков на големината на паметниот телефон и има раченце кое се повлекува за да го наполните телефонот. Полнењето на телефонот на овој начин бара многу работа – поточно три часа движење. Но, ако морате да обавите итен повик, еден лост е доволен за разговор на 30 секунди.

Воздушна турбина

Двајца електричари дизајнирале прв преносен турбински телефонски полнач во светот кој на сопствениците им овозможува полнење на нивните мобилни телефони со помош на ветер. Уредот се поставува така да извлечете алуминиумски ножички и да ги раширите на рамна површина во вид на троношец. На врвот се наоѓа турбина со три лопатки, кои бараат ветар, пружајќи еколошка енергија за генератор кој може да се снабди со 15 вати јачина. Тука е и внатрешната батерија која може да ја усклади енергијата ако таа ви е потребна веднаш. Творците на овој изум тврдат дека, кога целосно ќе се наполни, турбината може да наполни телефон четири до шест пати.