Четири лица повредени од удар на гром кај Белата куќа

Сподели со своите пријатели

Четири лица се тешко повредени откако гром ги удрил недалеку од Белата куќа.

Loading...

Двајца мажи и две жени биле во паркот Лафајет во Вашингтон за време на невремето кога биле погодени од гром, соопштија пожарникарите, пренесува Би-би-си.

Имајќи предвид дека паркот се наоѓа веднаш до резиденцијата на претседателот на САД, членовите на тајната служба биле меѓу првите кои им помогнале на настраданите.

Идентитетот на повредените сѐ уште не е потврден, јави Би-Би-Си.

 

 

 

Во моментот на ударот на гром тие биле до оградата што ја опкружувала Белата куќа.

Loading...

„Сите претрпеа критични повреди опасни по живот“, соопшти пожарникарската служба на Вашингтон.

Сѐ уште не е утврдено дали жртвите се познавале и што правеле пред ударот на громот. По инцидентот тој дел од паркот бил затворен, а на терен се и итните служби.

Националната метеоролошка служба издаде предупредување за невреме во областа за четврток навечер.

Лафајет е јавен парк северно од Белата куќа. Често е преполн со посетители, особено во текот на летото.