Челникот на Мајкрософт: Најопасниот момент за претседателските избори во САД е 48 часа пред тоа

Сподели со своите пријатели

Претседателот на американскиот технолошки гигант Мајкрософт, Бред Смит, во средата силно предупреди на странските обиди да влијаат на американските претседателски избори во ноември.

Loading...

„Мислам дека најопасниот момент ќе дојде 48 часа пред изборите“, рече Смит на сослушувањето во американскиот Сенат во средата.

„Тоа е лекција што треба да се научи од, да речеме, изборите во Словачка минатата есен“.

Смит рече дека два дена пред парламентарните избори во таа европска земја, „руска група“ објавила лажна аудио снимка на која наводно се открива заговор за кражба на гласови.

„Руската влада е многу способна, многу софистицирана, не само во технологијата, туку и во општествените науки“, рече Смит.

Шефот на Мајкрософт нагласи дека „има реални и сериозни закани“, вклучително и претстојните претседателски избори во САД, кои ќе се одржат на 5 ноември.

Трката за Белата куќа може да биде меѓу републиканскиот кандидат Доналд Трамп и демократката Камала Харис, „но ова исто така станува избори на Иран наспроти Трамп и Русија наспроти Харис“, рече извршниот директор на Мајкрософт.

„Ова се избори каде Русија, Иран и Кина се обединети со заедничкиот интерес за дискредитација на демократијата во очите на нашите гласачи“, предупреди Смит.

Loading...

Пред само неколку дена, американските власти ја разоткрија кампањата спонзорирана од Русија во која беа ангажирани десничарски инфлуенсери.

Сметки маскирани како веб-страници на новински куќи како што се конзервативниот канал Фокс њуз и Вашингтон пост објавиле лажни приказни.

Во средата, руска група објави вештачки манипулирана видео снимка на Харис во која во нејзината уста се ставени зборови кои таа никогаш не ги кажала, рече Смит.

Администрацијата во Вашингтон ја обвини Русија за мешање во кампањата за претседателските избори во САД.

Слични обвинувања имаше и на претходните избори.

Смит сведочеше заедно со Ник Клег од Мета и Кент Вокер, претседател и главен правен директор на Google’s Alphabet.