25.01.2018 23:01

Часовникот на апокалипсата поместен на две минути до полноќ


Симболичниот „Час на судниот ден“ поместен е за 30 секунди и сега се наоѓа на две минути до полноќ, време кое ја претставува апокалипсата, се наведува во Билтенот на атомските научници за 2017. година.

„Часовникот“ е направен во 1947. година и американските нуклеарни научници со негова помош мерат колку човештото е одалечено од својот крај.

Може ли тајниот сеф да го спаси човештвото од апокалипса? (видео)

Како главни причини за поместувањето на стрелките нанапред се наведени заканите од нуклеарна војна и климатските промени.

Особено се издвоени несогласувањата на САД и Русија за бројни прашања, модернизацијата на нивните нуклеарни арсенали, нуклеарните проби на Северна Кореја и вербалната војна помеѓу Доналд Трамп и Ким Џонг Ун, како и напнатоста со нуклеарното вооружување на Индија и Пакистан околу Кашмир. Наведено е и доведувањето во прашање на нуклеарниот договор на Трамп со Иран.

ТЕХНОЛОШКА АПОКАЛИПСА: Се заканува напад од најопасниот вирус во историјата на сајбертероризмот

loading...

Трамп е издвоен како „проблем“ и во гледиштата за климта, со оглед дека ги повлече САД од Парискиот договор, а на некои важни места во владата потави луѓе кои ги негираат климатските промени.

Уште една потенцијално опасна точка која се наведува во зивештајот, може да бидат новите технологии, земајќи ја предвид ранливоста на иформатичките системи на хакерски напади поради што е потребна соодветна законска регулатива и добро управување.

Германците најавуваат библиски поплави: Водата ќе убие 156 милиони луѓе

исто така, развојот на биотехнологиите може да има многу позитивно влијание врз човечкиот род, но и да биде употребена за создавање нови видови биолошки оружја или злонамерно манипулирање со генетски материјал.

Авторите на извештајот ги повикуваат граѓаните на сите земји да влијаат на своите лидери за да се започнат разговори за намалување на вооружувањето, намалувањето на емисиите на стаклена градина, признавањето дека постојат климатските промени, одговорен пристап кон користењето на нуклеарната енергија во цивилни цели и соработка во врска со развојот и употребата на нови технологии.

Теоретичарите со нова теорија за крајот на светот

Момнетланите две минути до полноќ се најблиску што стрелките се доближени до полноќ, а претходниот пат тоа било направено во 1953 година, кога САД и Советскиот сојуз во краток период тестирале први термонуклеарни бомби. Најдалеку од самоуништувањето на човештвото, според научниците, било во 1991 година, кога стрелките биле на 17 минути до полноќ.

Можеби зачудува фактот, но „Часовникот“ за време на Кубанската криза застанал на 12 минути до полноќ, па може да се каже дека најголемата нуклеарна криза минала незабележано.

Тајна скривница за милијардери: На прв поглед само дупка, но внатре рај (видео)

За време на осумдесетите години, додека САД и СССР ги распоредувале рактите со среден домет во Европа, до симболичната помоќ имало помеѓу три и четири минути.

На следната страница читајте за нуклеарниот бункер на Јосип Броз Тито


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови и изјави во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува. Секое преземање фотографија означена со лого, без претходна согласност со Кумановски Муабети, е строго забрането!
1 of 2

Последни наслови

Facebook Comments