Чарлс ќе биде крунисан утре, новиот крал ќе биде познат како Чарлс III

Сподели со своите пријатели

Новиот крал ќе биде познат како кралот Чарлс III, официјално е потврдено.

Loading...

Со смртта на кралицата Елизабета Втора, нејзиниот најстар син Чарлс, дотогаш принц од Велс, автоматски, без церемонија, стана крал.

Ова е моментот кога Чарлс (73) конечно ја дочека својата судбина, пишуваат пританските медиуми потсетувајќи дека во британската историја тој е најстариот престолонаследник со најдолг стаж.

Во една прилика, тој посочи дека целосно разбира дека улогата на монархот е многу поинаква од онаа на принцот од Велс.

Принцот Чарлс е најстариот наследник на тронот кој станал крал во Британија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Подољак: Залужни за неколку недели би можел да стане амбасадор во Лондон

Тој, исто така, помина повеќе време на таа прва позиција во редот за британскиот престол од кој било пред него.

Чарлс автоматски стана престолонаследник во февруари 1952 година како најстар син на Елизабета Втора, која стана кралица во времето на смртта на нејзиниот татко.

Сите информации поврзани со најновите случувања во Велика Британија можете да ги прочитате ТУКА.  

Loading...