Центарот за развој на североисточниот плански регион доби своја бизнис канцеларија

Сподели со своите пријатели

Вчера беше промовирана бизнис канцеларија која ќе работи во рамките на Центарот за развој на североисточниот плански регион.

Loading...

Проектот треба да направи врска помеѓу централните и локалните власти со бизнис заедниците созадавајќи услови за соработка и аплицирање на проекти на домашните и меѓународни фондови.

Министерството за локална самоуправа ќе биде главниот финаниски покровител на работата на оваа канцеларија со издвоени 800.000 денари, а на нејзиното промовирање пристуствуваше и ресорниот министер Лирим Шабани.

Преку проектот градоначалниците од североисточниот регион гледаат шанса за нови инвестиции и развој на бизнис секторот на регионот.

За потребите на работата на канцеларијата ќе бидат изработени веб портал, регионална програма и акционен план, водич за инвестирање и водич за потенцијалите на регионот, најави директорот на Центарот за развој на североситочниот плански регион, Младен Протиќ.

Од регионите кои имаат вакви канцеларии се покажа дека може да се очекуваат позитивни резултати, а бизнис секторот гледа можност за развој на своите производствени можност преку соработка со овие канцеларии.