Во рамките на иницијативата „Првите 5 се најважни на свет“ утре во населбата Иго Тричковиќ, поточно во ООУ „Христијан Тодоровски Карпош“ ќе биде отворен Центар за ран детски развој.
Во соработка со Детскиот фонд на Обединетите нации (УНИЦЕФ), Фондацијата Телеком за Македонија и Општина Куманово ќе биде отворенЦцентарот за ран детски развој „Сонце“.
Центарот во употреба ќе го пуштат градоначалникот на Општина Куманово, Зоран Дамјановски заедно со замникпретставничката на УНИЦЕФ Ража Масефер Берада ќе го пуштат центарот во употреба.
Ова е единаесетти центар што се отвара со донација од Фондацијата Телеком за Македонија и поддршка од УНИЦЕФ. Досега беа отворени десет центри за ран детски развој и тоа во Селце, Тетово; Јаргулица, Радовиш; Злеово, Радовиш; Десово, Долнени; Ратавица, Пробиштип; Центар Жупа, Центар Жупа; Дебереше, Гостивар; Шипковица, Тетово; Долно Лисиче, Аеродром и Радојца Новичиќ, Охрид. Општината Куманово го обезбеди просторот и ги покрива тековните трошоци.
Настанот е закажан со почеток од 11 часот.