Цените на маслиновото масло би можеле повторно да пораснат

Сподели со своите пријатели

Цените на маслиновото масло би можеле повторно да пораснат наесен, откако екстремните горештини, сушата и шумските пожари ги погодија маслиновите градини и другите земјоделски култури низ Европа.

Производителите предупредуваат дека изгореле маслинови градини во Грција, Италија и Португалија, додека насадите кои не се директно зафатени од пожарите се изложени на пепел, лош квалитет на воздухот, штетници, болести и силна бура.

Високите температури влијаат и на големината на плодовите, пишува Би-Би-Си.

Шпанија, најголемиот европски производител на маслиново масло, досега бележи температури поблиску до нормалата од некои други делови на континентот, но дрвјата беа погодени од суша, што може да предизвика предвреме да пуштаат плодови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Пожарите во Франција открија засолниште со муниција од Втората светска војна (ВИДЕО)

Претставниците на индустријата наведуваат дека комбинацијата на губење на овошје и порано берба може значително да влијае на количините на произведено маслиново масло и на пазарните цени во текот на следната година.

Екстремните временски услови погодија и бројни други земјоделски производи.

Француското здружение на производители на зеленчук проценува дека се изгубени илјадници тони зелена салата, морков, праз, лук и црвен кромид, вредни десетици милиони евра, додека производството на одредени култури може да се преполови поради недостигот на дожд.

Топлината го забави растот на грозјето во винските региони во Франција, вклучувајќи ги Шампањ, Бордо и Бургундија.

Во Шампањ се очекува најраната жетва до сега, веројатно веќе околу 15 август, со приноси приближно десет отсто помали од минатата година.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Морничавата мрежа „Фокстрот“ ги претвора тинејџерите во убијци: Преку апликации се регрутираат за ликвидации низ Европа