Царинските власти на аеродромот Ханеда во Токио заплениле 15 килограми кокаин од еден патник, што е рекорд за Јапонија, соопштија денеска јапонските власти.
Цариниците пронајдоа кокаин, со проценета улична вредност од 372 милиони јени (2,4 милиони долари), скриен во 15 кутии со бонбони во куфер кај 25-годишен Канаѓанец, пишува Кјодо.
Човекот, кој изјавил дека работел во градежната индустрија, пристигнал на аеродромот Ханеда од Торонто вечерта на 21 декември, кокаинот бил откриен при рутинска царинска проверка, а тој бил уапсен рано следното утро, се вели во соопштението.
Огранокот на Токиската царина Ханеда поднесе кривична пријава до обвинителите на 8 јануари, а оттогаш обвинителите поднесоа обвиненија против него, пренесува Танјуг.