Цариниците на Табановце запленија близу 2000 пиротехнички ракети

Сподели со своите пријатели

Како што информира Царинската Управа на РМ во неделниот извештај за заплени, на граничниот премин Табановце автопат, минатата недела е откриен обид за криумчарење на  15 штеки цигари.

Loading...

Cigari,Tabanovce

Цариницте открија цигари од типот Bond, 57, Boss, Rodeo, Ronhill и Pall Mall, со македонски акцизни маркички како и 20 литри домашна ракија, откриени во соработка со припадници на Министерството за внатрешни работи, при контрола на македонско комбе, управувано од македонски државјанин, пријавено за излез од државата.

Cigari i rakija, Tabanovce

Непријавените цигари и алкохолните пијалоци се пронајдени во багажниот простор на возилото.

Цариниците истотака открија 1.753 пиротехнички производи-ракети (ARENA ROCKETS, POWER BOX, SCREAMING GRIZZLY, TROUBLEMARKER и други) и 15 регулатори за парно греење тип LIGO T30NC230, откриени при контрола на германски автомобил управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат.

Непријавените производи се пронајдени во крајниот дел на багажникот на возилото.

 

Loading...

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.