Цариниците на Табановце спречија шверц на цигари

Сподели со своите пријатели

Како што информира Царинската управа на РМ во неделниот извештај, во текот на минатата недела и викендот, на ГП Табановце железница, запленети се 92 штеки цигари Monte Carlo, 57, Pall Mall и Bond со македонски акцизни маркички, 39 кг сецкан тутун, 17,4 кг кафе Grand и Frank и 58 пара влечки, при контрола на повеќе црни кеси, сопственост на тројца српски државјани, патници во воз што сообраќал на релација Скопје – Белград.

Loading...

Од страна на мобилните царински тимови, откриени се 12 штеки цигари Assos и Stuyvesant без акцизни маркички, при  контрола на грчки автомобил, управуван од грчки државјанин, пријавен за излез од државата на граничниот премин Табановце автопат.

Непријавените цигари се пронајдени во фабрички празнини под патосниците пред предните седишта и во посторот за резервна гума, во багажникот на возилото.