Цариниците на Табановце спречија обид за шверц на 37 000 евра

Сподели со своите пријатели

Царинската управа соопшти дека за излез од државата се пријавил автомобил марка Мерцедес ЦЛС 320 ЦДИ со македонски регистарски таблички, управуван од македонски државјанин, придружуван од уште еден македонски државјанин. На прашање на царинските службеници дали имаат нешто да пријават за царинска контрола, возачот одговорил негативно, а сопатникот изјавил дека освен околу 2.200 евра, нема ништо друго да пријави.

Поради сомневање во изјавата, лицата и возилото се селектирани за детална контрола. При извршениот претрес на патникот, покрај пријавените 2.200 евра, во внатрешниот џеб од неговата јакна се пронајдени 33.500 евра, а во џебот во панталоните уште 300 евра. При претрес на возилото, во потпирачот за рака помеѓу предните седишта, во друг паричник се пронајдени уште 3.000 евра. Лицето не поседувало документ за потекло на парите.

devizi 007

Согласно Законот за девизно работење, 2.000 евра, износ кој резидент слободно може да ги изнесе од државата му се вратени на прекршителот, додека остатокот од 37.000 евра е привремено задржан.

Против прекршителот е поведена прекршочна постапка.

Leave a Reply