Буркина Фасо и Мали распоредија воени авиони во Нигер во знак на солидарност

Сподели со своите пријатели

Буркина Фасо и Мали распоредија воени авиони во Нигер, како знак на солидарност со земјата каде минатиот месец беше извршен воен удар и да помогнат во одбивањето на можна агресија, објави нигерскиот ТВ канал RTN.

Loading...

Како што се наведува, Буркина Фасо и Мали на тој начин ги спроведуваат своите обврски наведени во заедничката изјава за солидарност со Нигер.

Комесарот за политички прашања, мир и безбедност на Економската заедница на западноафриканските држави (ЕКОВАС), Абдел-Фату Муса, во петокот рече дека точниот датум за почеток на воената интервенција на силите на ЕКОВАС во Нигер е одреден, иако тој нема да биде објавен.

Муса рече дека ECOWAS може да испрати мисија во Нигер денеска на разговори со бунтовниците, пренесе ТАСС.

На 31 јули, владите на Буркина Фасо и Мали ја изразија својата солидарност со народот на Нигер, предупредувајќи дека и двете земји ќе ја сметаат секоја можна воена интервенција во Нигер како објава на војна и против нив.

Воената хунта во Нигер на 26 јули објави дека избраниот претседател Мохамед Базум е сменет, државните граници затворени, воведен полициски час и суспендиран Уставот, како и забраната за политички партии.

На 28 јули воената хунта го прогласи генералот Абдурахман Тиани за шеф на државата. ECOWAS го осуди пучот и им даде на бунтовниците една недела да го вратат уставниот поредок, заканувајќи се дека ќе преземе акција, вклучително и воена интервенција, доколку не го сторат тоа.