Бура поради Ајфон во Русија: Смеат ли на руските политичари да користат уреди не Епл?

Сподели со своите пријатели

Руските сенатори не добија препораки да не користат мобилни телефони Ајфон, изјави за РИА Новости првиот заменик-шеф на меѓународниот комитет на Советот на Федерацијата, Владимир Џабаров.

Loading...

„Таква препорака сѐ уште не сме добиле“, рече политичарот и додаде дека е подготвен да се откаже од телефонот на Епл, доколку е потребно, бидејќи, како што наведе, има и други производители.

Џабаров прецизира дека пред важните состаноци во Советот на федерацијата пратениците ги предаваат телефоните.

Претходно денеска, весникот „Комерсант“ објави, повикувајќи се на неименувани извори, дека од вработените во администрацијата на рускиот претседател било побарано да се ослободат од паметните телефони на „Епл“ до 1 април.

Како што беше наведено, во блиска иднина регионалните власти ќе добијат и препораки за замена на американските паметни телефони со гаџети со различен оперативен систем.