Бундесвер добива нови авиони

Сподели со своите пријатели

Германскиот Бундесвер ќе добие нови борбени летала – 35 нови борбени авиони и 60 хеликоптери.

Loading...

Во прашање се авиони Ф-35 на компанијата „Локид“ во вредност од осум милијарди евра и транспортни хеликоптери Ч-47 Кинок од Боинг во вредност од четири милијарди евра, пишува весникот „Билд“.

Надлежните претставници на германското Министерство за одбрана неодамна ги посетија САД за да преговараат за тие договори.

Но, бидејќи парламентот мора да одобри поголеми воени набавки, од 25 милиони евра па нагоре, договорот може да се потпише само кога пратениците ќе го прифатат.

Договорот за набавка на авиони Ф-35 треба да биде потпишан оваа година, а договорот за набавка на хеликоптери во првите месеци од следната година.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Индија – На над милион избирачки места ќе се гласа до 1 јуни

Авионите Ф-35 ќе ги заменат авионите Торнадо, кои Луфтвафе ги користи од 1970-тите.