Педесет и деветгодишен државјанин на Бугарија е приведен под сомнение дека стои зад за измамите со наводни сообраќајни незгоди.
– На 12.02.2025 во 15.40 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово, во содејство со Оддел за криминалистичка полиција и СВР Скопје го лишиле од слобода П.М.(59) од Република Бугарија, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, тој се сомничи дека на територија на Куманово во соработка со повеќе лица извршил измами со наводни сообраќајни незгоди над повеќе лица.
П.М. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
– Секторот за внатрешни работи Куманово апелира до граѓаните да бидат внимателни кога непознати лица им се јавуваат, да не наседнуваат на измами во кои лажно се нудат услуги и сите сомнителни случаи да ги пријават. СВР Куманово презема мерки и активности за пронаоѓање и санкционирање на сите сторители на измамите, стои во соопштението.
Никола Ивановски