Бугарите пак на гласање: Радев распиша седми избори за последните три години

Сподели со своите пријатели

Бугарскиот претседател Румен Радев денеска закажа вонредни парламентарни избори за 27 октомври, седми во последните три години и потпиша указ за именување на нова преодна влада предложена од предложениот за привремен премиер Димитар Главчев.

Loading...

Се очекува членовите на новата влада веднаш да положат заклетва пред претседателот на Народното собрание, јавува Радио Бугарија.

Новата преодна влада има еден вицепремиер, министерката за финансии Људмила Петкова.

Разликата меѓу новата и старата привремена влада на Димитар Главчев е разрешувањето на министерот за внатрешни работи Калин Стојанов, чие место ќе го заземе актуелниот шеф на Националната полиција Атанас Илков, јавува Радио Бугарија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  КОЛЕРА ПО 103 ГОДИНИ ВО ЕВРОПА: Страв во Бугарија поради првиот потврден случај!

Дополнително, Главчев покрај премиерската функција повеќе нема да ја извршува функцијата министер за надворешни работи, туку шеф на дипломатијата ќе биде Иван Кондов, поранешниот заменик министер за надворешни работи.