Бугаринот кој измами кумановка за 30.000 евра, доби кривична

Сподели со своите пријатели

Бугарскиот државјанин кој претставувајќи се како лажен полицаец измами кумановка за 30.000 евра, официјално доби и кривична пријава.

Loading...

– СВР Куманово поднесе кривична пријава против П.М.(59) од Република Бугарија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,измама“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

како што додаваат оттаму, на 31.01.2025 во Куманово, пријавениот довел во заблуда 64-годишна жена дека нејзината ќерка усмртила дете-мигрант и за да ја ослободат, морала да плати одреден износ на пари, при што ја оштетил за 30.000 евра.

Засега нема информација дали истото лице стои и зад низата други измами кои имаа ист начин на дејствување, а со кој беа измамени повеќе повозрасни граѓани во Куманово.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведени три лица во Куманово, кај нив пронајдени наркотици

Бугаринот, исто така, засега останува единствен приведен за ваквата измама, иако се верува дека имало инволвирано и други лица.

Никола Ивановски