БРУТАЛНО: Руски неонацист во рацете држи череп на украински војник (ВОЗНЕМИРУВАЧКО)

Сподели со своите пријатели

На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како Русин држи череп за кој тврди дека му припаѓа на украински војник.

Loading...

Антон Герашченко, советник на украинскиот министер за внатрешни работи, го сподели видеото и рече дека тоа е рускиот неонацист Игор Мангушев, пишува Sky News.

„Нека гори во пеколот“

„Ние сме живи, а овој човек е веќе мртов. Нека гори во пеколот. Ќе направиме чашка од неговиот череп”, вели мажот на видеото.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Медведев: Референдумот заврши, добредојдовте дома во Русија

„Русија се бори против Украина како антируска држава. Ова е трагедијата на украинските војници. Не ни е гајле колку треба да ги убиеме. Овој череп дефинитивно не припаѓа на цивил, ние само убивме војник” тој додаде.

Герашченко го поврза видеото со други снимки што се појавија на интернет.

„Се надевам дека е лажна, но сите знаеме за видеата каде нашите војници се кастрирани и убиваат, нивните глави се ставаат на решетки и се закачуваат на огради“, напиша Герашченко на Твитер.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Русија: Пропадна офанзивата на Украина во Краснолиманск

 

Loading...