Бројот на жртви во училиштето во Ижевск достигна 17 лица

Сподели со своите пријатели

Во вчерашната престрелка во училиште во Ижевск загинаа 17 лица, од кои единаесет деца, соопштија денеска локалните власти во руската област Удмуртија, наведувајќи дека уште девет пациенти се во тешка состојба, пренесува РИА Новости.

Loading...

Седум деца се меѓу пациентите на интензивна нега и нивната состојба е сериозна, изјави главниот лекар на Републичката болница Александар Шаклеин.

Вкупно 18 пациенти се на болничко лекување, од кои шеснаесет се деца и двајца возрасни. Девет пациенти се на интензивна нега, од кои седум се деца, а нивната состојба се оценува како сериозна“, изјави Шаклин за новинарите.

Во понеделникот поранешниот ученик во училиштето во Ижевск, Артем Казанцев (34), отворил оган врз учениците и вработените во училиштето, а потоа се самоубил.

Казнацев е регистриран во психо-невролошки диспанзер, изјави за новинарите началникот на Удмуртија, Александар Бречалов.

Во Удмуртија е прогласена жалост.