Бројот на заразени лица во Пекинг расте. Се воведуваат строги мерки!

Сподели со своите пријатели

Градските власти во Пекинг драстично ги заострија мерките против инфекција со коронавирус, откако бројот на заразени лица во кинеската метропола се зголеми за четири пати.

Loading...

Зголемен е бројот на случајни улични тестови, а некои населби се затворени три дена како мерка на претпазливост, пренесува Ројтерс.

Градот со 21 милион жители во четвртокот пријави 18 нови случаи на зараза, што е вкупно 197 заразени во периодот од последните десет дена.

Во изминатиот 10-дневен период имало само 49 заболени, па градските власти се загрижени дека вирусот повторно нема да се прошири на поголем број луѓе.

Мерките беа заострени за време на големиот конгрес на владејачката Комунистичка партија, кој се одржува на секои пет години.

Се очекува на овој конгрес претседателот Си Џинпинг да добие трет последователен мандат.