Бројот на случаи на денга во Аргентина е на пат да собори рекорди

Сподели со своите пријатели

Големата епидемија на денга во Аргентина, болест која се пренесува преку комарци, која може да биде фатална, е на пат да ги собори претходните рекорди, како одраз на загриженоста во Јужна Америка, каде што пожешкото и повлажното време доведе до скок на случаите.

Loading...

Аргентина досега има забележано над 120.000 случаи во сезоната 2023/24, повеќето од нив во последните два месеци, објави Ројтерс.

„Ја доживуваме најголемата епидемија на денга треска во Аргентина“, изјави Маријана Мантека Акоста, директорка на Институтот Малбран и специјалист за заразни болести, пренесува Танјуг.

Според неа, евидентирани се 200 отсто повеќе случаи отколку во истото време минатата година.

Симптомите на денга треска вклучуваат висока температура, главоболка, повраќање, осип на кожата и болки во мускулите и зглобовите кои можат да бидат толку силни што болеста е наречена „треска што ги крши коските“.

Во некои случаи, може да предизвика тешка хеморагична треска, што доведува до крварење или смрт.

Соседниот Бразил, исто така, се бори со пораст на случаите, со ширење на денга во региони каде што претходно не беше пријавена.