Бројот на гладни луѓе во светот би можел да се зголеми од осум на 13 милиони

Сподели со своите пријатели

Американскиот министер за финансии Џенет Јелен свика денеска состанок меѓу лидерите на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Светската банка и Г7 и Г20 за „да ги повикаат меѓународните финансиски институции да го забрзаат и продлабочат својот одговор“ на проблемот во земјите погодени од недостаток на храна, откако е пголасена војната во Украина, пренесува АП.

Loading...

Русија и Украина произведуваат 14 отсто од светската понуда на пченица, според Обединетите нации, а нејзината загуба поради војната доведе до зголемување на цените на храната и неизвесност за иднината на глобалната безбедност на храната, особено во сиромашните земји.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Поскапе регистрацијата на автомобилите

 

Москва го ограничи пристапот до веб-страницата на Хјуман рајтс воч

 

Индексот на цените на храната на Агенцијата за храна и земјоделство (ФАО) покажува најголем скок од нејзиното основање во 1990 година, како одраз на рекордната висока цена на растителните масла, житарките и месото, соопшти организацијата.

Во извештајот на организацијата кон крајот на март се вели дека глобалниот број на гладни луѓе може да се зголеми од осум милиони на 13 милиони до 2023 година, особено во Азија и Пацификот, субсахарска Африка, Блискиот Исток и Северна Африка.

Специјалистот за управување со кризи на Универзитетот во Масачусетс Амхерст, Ана Нагурни, рече дека состанокот на глобалните лидери е важен и дека „тоа зборува за растечкиот страв и растечкото разбирање дека светот може да биде на работ на катастрофа од глад“.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  ПОРАЗИТЕЛНИ ПОДАТОЦИ: Еве во која храна има најмногу пластика!

 

Експлозија во близина на училиште во Авганистан, загинаа 25 лица

 

Нагурни предвиде дека земјите кои сè уште не ѝ дале јасна поддршка на Украина, како Кина и Индија, ќе сфатат дека загрозената понуда на храна поради долгата војна во Украина ќе влијае на нивната национална стабилност и на благосостојбата на нивните граѓани.

„Ова може да помогне во натамошната изолација на Русија, и морално и економски“, рече таа.

Русија е членка на Г-20, која ја сочинуваат претставници на индустријализираните и земјите во развој, но Министерството за финансии на Соединетите Американски Држави соопшти дека Русите нема да учествуваат на седницата за безбедност на храната.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ПОРАЗИТЕЛНИ ПОДАТОЦИ: Еве во која храна има најмногу пластика!