Бројни настани и фестивали за „11 Октомври“ во Куманово (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Со бројни културни и музички настани и фестивали Куманово ќе го одбележи „11 Октомври“ Денот на македонското востание.

Loading...

Фондацијата за култура и спорт при Општина Куманово со поддршка на градоначалнико и Советот, ќе организираат бројни настани.

Одбележувањето на празникот, како што информираше директорот на Фоданцијата, Марио Арангеловски, ќе започне уште на 10ти октомври, кога од 19 часот ќе започне фестивалот Art Attack.

– Тоа е фестивал кој подразбира сплотување на неколку уметности. Годинава одлучивме да бидат филмската уметност и електронската музика, така да имаме три ди-џеј сета, од Мамба квин, Дадо и Мамли и Шалајко, а ќе имаме и проекција на филм, за прв пат кино на отворено на барање на помладите наши граѓани ќе го проектираме филмот „Снежана на крајот умира“, а во самиот филм имаме двајца актери кои се од Куманово, изјави Арангеловски.

 

 

Филмот ќе се проектира на плоштадот каде ќе има т.н. „лејзи бегс“, а граѓаните можат да си понесат работи кои ќе им овозможат поголем комфорт.

Loading...

– Истовремено во Центарот за култура ќе има театарска претстава, така да ќе бидеме тивки во тој период, по што од 22 часот ќе продолжат ди-џеј сетовите, додава Арангеловски.

Бројни настани ќе има на самиот празник „11 Октомври“ кога ќе се започне во 10 часот со традиционално положување свежо цвеќе на Спомен Костурница. На настанот, засега неофицијално, ќе присуства и државниот врв предводен од премиерот Димитар Ковачевски.

Од 10 до 13 часот, на плоштадот „Нова Југославија“ ќе се одржи и изложба на „олд тајмери“.

– Истовремено пред Центарот за култура ќе се одржи фестивалот „Куманиум“ кој ќе предизвика голема радост кај најмалите затоа што ќе ни гостуваат многу аниматори и маскоти од популарни цртани филмови и видео игри, ќе имаме перформанс на жонглер од Скопје, ќе имаме караоке шоу и триенална изложба на ликовни дела од Детскиот ликовен камп „АСНОМ“, делата од изминатите три години ќе бидат изложени на плоштадот „Маршал Тито“.

Вечерта наа 11 октомври ќе се одржи и годинешното издание на Гитаријада, со богата музичка програма.

– Гитаријадата ќе ја отворат кумановци, односно „Беседа“, по нив ќе настапат гости од Ниш од бендот „Его“ и на самиот крај ќе настапат Негатив, како еден бенд кој верувам дека кумановци го обожаваат. Се надевам дека самата програма ќе предизвика интерес кај сите граѓани, се потрудивме сите фестивали да имаат разновидна програма за да привлечеме внимание на сите категории на луѓе, додава директорот на Фондација за култура и спорт Марио Арангеловски.

Паралелно, вон активностите на фондацијата на 11 октомври ќе се одржи и Суџуклијада во Касапски круг.

Никола Ивановски

Loading...