Брод со мигранти потона во Ла Манш

Сподели со своите пријатели

Едно лице загина, а друго е тешко повредено кога синоќа потона брод со мигранти кои се обиделе да го преминат Ла Манш, соопшти утринава француската полиција.

Loading...

Од морето се спасени 66 лица.

Регионалниот поморски оперативен центар околу полноќ бил информиран дека брод со околу 60 мигранти е во неволја на помалку од осум километри од брегот, во близина на Гравлин.

На местото на настанот, бродот за спасување нашол луѓе во водата и делумно издувен чамец.

Потрагата во тој реон продолжува утрово и од воздух.

Францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманен претпладне треба да пристигне во Кале, каде ќе се сретне со полицајците ангажирани во борбата против илегалната имиграција.