Британските парламентарци дадоа зелено светло за законот за доброволна евтаназија

Сподели со своите пријатели

Британскиот парламент во петокот гласаше за легализирање на потпомогнатото самоубиство, отворајќи го патот за дебата на тема што ја подели земјата и ги доведе во прашање стандардите за палијативна нега.

Loading...

Некои ја оправдаа одлуката дека смртно болните лица можат да го прекинат својот живот, други ја критикуваа.

По страсна дебата во Долниот дом на британскиот парламент, 330 пратеници гласаа за законот, а 275 од нив беа против.

Според законот, на компетентните луѓе во Англија и Велс, на кои лекарите им процениле дека им остануваат уште шест месеци живот или помалку, ќе им биде дозволено да изберат да го завршат својот живот со медицинска помош.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Грузија: Полицијата го изнесе лидерот на опозицијата од партиското седиште

Поддржувачите на законот тврдат дека станува збор за скратување на животот на неизлечиво болните, на кои на тој начин им се дава поголема контрола.

Но, противниците велат дека ранливите болни луѓе можеби ќе сакаат да го завршат својот живот од страв дека инаку ќе бидат товар за нивните семејства и општество, а не за нивна сопствена корист.

Други рекоа дека немало доволно време да се разгледа законот пред гласањето.

Првичното одобрување на законот во парламентот ќе започне повеќемесечна дебата, а самиот текст би можел да се промени како што ќе премине од долниот дом во горниот дом на парламентот.

Loading...

Ким Лидбитер, лабуристичката пратеничка која го претстави предлог-законот, рече дека очекува процесот да потрае дополнителни шест месеци.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Европската комисија стапи во функција во услови на внатрешни и геополитички тензии

Нацрт-законот доведе до национална дебата во Британија, во која беа вклучени поранешни премиери, верски водачи, болничари, судии, лица со посебни потреби и министри во лабуристичката влада на премиерот Кир Стармер.

Анкетите покажуваат дека мнозинството Британци го поддржуваат потпомогнатото самоубиство.

Лидбитер рече дека законот треба да одговори на јавното мислење.