Британски медиум открива сурови детали за мигрантите во Ваксинце (видео)

Сподели со своите пријатели

Албанската мафија во Македонија ги киднапира емигрантите кои секојдневно минуваат низ нашата земја и Србија на патот кон западна Европа, ги држат во една куќа во селото Ваксинце, ги тепаат и за нив бараат откуп, јавува британски Ченел 4.

Loading...
Мигрантите ги внесуваат во товарни возови на граничниот премин со Грција во близина на Гевгелија и ги превезуваат со вагони без прозорци во кои е жешко како во печка, јавува британскиот канал.

Секоја недела, стотици од нив не стигнуваат во Србија како што е планирано, бидејќи возовите ги киднапира албанската мафија.

Ги чекаат вооружени со стапови и ножеви и кога преморени ќе излезат од металните вагони, често едвај дишејќи, во паника и жедни, ги проморуваат да одат два часа кон север до село Ваксинце во Општина Липково.

Во тоа село се наоѓа куќа во која ги држат заробените емигранти – неколку помали соби во толку луѓе едвај можат да дишат, а кога спијат, лежат едни преку други.

Од уќата во која ги држат заробени мигрантите е невозможно е да се избега, бидејќи околу куќата 24 часа кружи патрола на вооружени мажи. На една од видео снимките која стигнала до јавноста се гледа како чуварите ги тепаат мигрантите. Сите киднапери се вооружени со ножеви, а некои дури и со мачети.

Единствениот излез е да платат откуп од 500 до 1.000 евра и потоа можат пешки да се упатат кон Србија. На Сиријците им се наплаќа повеќе од другите бидејќи ги сметаат за побогати.

Илјадници емигранти секоја недела се заробени во куќата, од која единствениот излез е плаќање на откуп.

Новинарите на британски Ченел 4 ја информирале македонската полиција за своите откритија, каде им било ветено дека случајот ќе биде истражен.

Loading...