Британската влада претстави план со кој планира да ги запре илегалните мигранти

Сподели со своите пријатели

Британската влада го претстави новиот план за спречување на барателите на азил да пристигнуваат со мали чамци, план кој вклучува повеќе летови за депортација и построги казни за работодавците кои вработуваат нелегални работници.

Loading...

Анкетите покажуваат дека имиграцијата е најважното прашање за британските гласачи, првпат по осум години.

Земјата неодамна беше потресена од протести на екстремната десница против муслиманите и имигрантите, кои започнаа по убиството на три девојчиња во градот Саутпорт во северозападна Англија.

За време на овие протести, неколку лица се обидоа да запалат хотел во Ротерам, каде што се сместени барателите на азил.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Италија планира да продолжи со префрлање на мигранти во Албанија во јануари

Ќе вработат стотина истражители

Министерството за внатрешни работи, чија надлежност е имиграцијата, најави дека ќе вработи стотина истражители кои своите активности ќе ги насочат кон бандите и криминалните групи, кои носат баратели на азил во Велика Британија.

Ова е еден од начините да се изедначи бројот на депортирани лица со оној од 2018 година, кога тој број почна да се намалува.

Понатаму, на работодавачите кои вработуваат работници „на црно“ им се закануваат високи казни, затворање на компанијата или дури и кривично гонење.

МВР соопшти дека работниците фатени како работат на црно, кои ги исполнуваат и условите за депортација, ќе бидат приведени пред да ја напуштат државата.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Германската полиција уапси маж кој се заканувал со масакр

„Сакаме систем над кој цврсто ќе ги држиме уздите“

„Наместо хаосот кој предолго го уништи системот, сакаме да воспоставиме систем на кој ќе држиме цврсто контрола“, рече министерката Ивет Купер.

Откако новата лабуристичка влада ја презеде функцијата на почетокот на јули, околу 5.700 баратели на азил пристигнаа во Велика Британија, пловејќи со чамци од Франција преку Ла Манш.

Досега неколку министри ветија борба против криминалните групи кои шверцуваат луѓе.

Набргу по убедливата победа на парламентарните избори, лабуристите го отфрлија планот на претходната конзервативна влада за преселување на неколку илјади баратели на азил во Руанда.

Премиерот Кир Стармер минатиот месец рече дека е потребна поголема соработка со другите земји за справување со главните причини за миграцијата, вклучително и сиромаштијата и климатските промени.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Жена жива изгоре во метрото во Њујорк, напаѓачот уапсен (ВИДЕО)