Британија: Најмалку 30 деца починале од стрептокока А од септември

Сподели со своите пријатели

Најмалку 30 деца починале во Велика Британија од инвазивна стрептокока А од 19 септември, јави Би-би-си.

Loading...

Од тој датум, 122 лица починале во Англија од инвазивна форма на бактериска инфекција, според Британската здравствена агенција.

Меѓу загинатите има 25 лица помлади од 18 години, а уште три смртни случаи на деца се потврдени во Северна Ирска и Велс.

Во средата, јавното здравство на Шкотска потврди дека две деца починале.

Стрептокoka А може да предизвика различни инфекции, вклучувајќи инфекции на кожата, рани, шарлах и болки во грлото.

Како и повеќето респираторни заболувања, така и оваа е сезонска, а повеќето инфекции се случуваат во есен и зима.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во Јапонија лани регистрирани рекордни 123.000 случаи на злоупотреба на деца

Повеќето случаи се релативно благи, но понекогаш стрептококa А може да го пробие имунолошкиот систем и да влезе на места каде што вообичаено не оди, како што се крвта, белите дробови или мускулите.