Британецот Маркус Факана (18) не можел да замисли дека неговиот одмор од соништата во Дубаи ќе се претвори во вистински кошмар.
Таму, во август, запознал 17-годишна Британка, неколку месеци помлада од него, со која започнал романса.
Тамошната полиција го уапсила откако добила поплаки од нејзината мајка.
Четири месеци добил забрана да ги напушта Обединетите Арапски Емирати, а наскоро ќе дознае дали ќе добие 20-годишна затворска казна за секс со малолетничка.
– Ова е вистинска агонија за него. Ја чека конечната пресуда, не знаеме што ќе биде од се – рекол извор близок до семејството, пренесува Дејли Мејл.
А како мајката на дотичната девојка дознала за се?
Го проверувала мобилниот телефон и сфатила дека нејзината ќерка е во врска со Маркус.
Во меѓувреме девојката наполнила 18 години.
Според законите во Емиратите, на туристите им е дозволено да имаат секс доколку се постари од 18 години.
Маркус раскажа како и двајцата се договориле да се видат во Велика Британија кога ќе се вратат од одмор, но нејзината мајка им ги расипала плановите.
– Моите родители знаеја за нас. Се плашеше да каже на семејството, не можевме ни да се видиме. Едвај чекав да ја видам, но во меѓувреме полицијата ми тропна на вратата – рекол тој.
Семејството собра повеќе од 30.000 долари како донации за да го плати судењето.