Стапката на невработеност во Велика Британија се зголеми на 4,2 отсто во вториот квартал, од април до јуни, од 4,0 отсто во првиот квартал, објави денеска британската канцеларија за национална статистика (ONS).
Во периодот од мај до јули 2023 година, проценетиот број на слободни работни места во Британија се намали за 66.000 на 1,02 милиони, а продуктивноста на час порасна за 0,7 отсто во споредба со минатогодишниот втор квартал.
Просечната британска плата без бонуси се зголеми за 7,8 отсто на годишно ниво во вториот квартал на 613 британски фунти неделно или околу 713 евра, што претставува рекорден раст од 2001 година, пренесува Танјуг.
Просечната плата во британскиот приватен сектор е зголемена за 8,2 отсто на годишно ниво во кварталот од април до јуни, а за 6,2 отсто во јавниот сектор.