Бразилец доаѓа во Форца Куманово, остануваат Стојановски, Левески и Рамадани

Сподели со своите пријатели

Даниел Марињо Де Соуза од Бразил е новото засилување на Футсал клубот Форца од Куманово, кој е актуелен шампион на Македонија.

Loading...

Де Соуза во дресот на Форца преминува од Мостар, Босна и Херцеговица, со огромно искуство во европскиот футсал.

Има играно за низа клубови како што се Славија Прага од Чешка, Економац и Лозница од Србија, Железарец од Македонија и многу други, а бил дел и од елитната рунда на Лигата на шампиони.

Тој е второто странско засилување за македонскиот шампион, по Кристијан Берио од Колумбија.

Во меѓувреме клубот ги обнови и договорите со дел од минатогодишниот состав меѓу кои Зоран Левески, Иван Стојановски и Берат Рамадани.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Денот на независноста утре ќе се одбележи и во Куманово

Никола Ивановски