Бразил го повика Путин: Нема шанси да биде уапсен

Сподели со своите пријатели

Бразил ќе го покани Владимир Путин на самитот на Г-20, што ќе се одржи во земјата во 2024 година, и покрај наредбата на Меѓународниот кривичен суд (МКС), изјави претседателот Луис Инасио Лула да Силва.

Loading...

„Да дојде Путин или не, ќе биде поканет. Против него има процес, тој мора да ги процени последиците“, нагласи шефот на државата.

Лула да Силва претходно во интервју за индискиот ТВ канал Firstpost изјави дека Путин лесно може да дојде во Бразил, бидејќи се додека е претседател „нема шанси да биде приведен“ поради наредбата на Меѓународниот кривичен суд.

Тој потоа појасни дека одлуката да се постапи против рускиот лидер доколку тој пристигне во републиката на самитот на Г20 ќе зависи од судскиот систем на земјата.

Надлежноста на МКС не ја признаваат земјите во кои живее повеќе од половина од светското население. Меѓу нив се Русија, Азербејџан, Белорусија, Египет, Индија, Индонезија, Иран, Казахстан, Кина, Саудиска Арабија, САД, Турција.