Борисов победи на европските и парламентарните избори во Бугарија

Сподели со своите пријатели

Коалицијата ГЕРБ-СДС на поранешниот премиер Бојко Борисов победи на вонредните парламентарни избори, како и на европските избори во Бугарија.

Loading...

Според податоците на агенцијата Галуп, на изборите за Европскиот парламент ГЕРБ-СДС освоила 26,2 отсто од гласовите, додека коалицијата Продолжување на промените – Демократска Бугарија (ПП-ДБ) го зазеде второто место со 15,7 отсто.

Следат „Преродба“ со 15,4 отсто, Движењето за права и слободи (ДПС) со 11,7 отсто, Бугарската социјалистичка партија (БСП) со 9,7 отсто и „Има таков народ“ со 6,4 отсто. Излезноста на гласачите на изборите за Европскиот парламент беше 29,8 отсто.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ЕУ доби прво барање да одобри продажба на месо одгледувано во лабораторија

ГЕРБ-СДС победи на парламентарните избори со 25,8 отсто од гласовите. Второто место го освои коалицијата ПП-ДБ со 15,5 отсто, а третото ДПС со 14,7 отсто.