Поранешниот британски премиер Борис Џонсон, коментирајќи го нападот на Украина врз руската област Курск, го повика Западот да му дозволи на Киев да користи западно оружје за гаѓање цели на територијата на Руската Федерација со цел „да ја заврши работата“.
Џонсон го нарече нападот на Украина врз регионот Курск „најдобрата вест по долго време“.
– Единствениот начин да се запрат руските бомби е да се нападнат воздушните бази од каде што летаат руските авиони. И единствениот начин да се нападнат тие бази е да се користи западното оружје што го има Украина. Тие добија системи „Атакамас“ од Американците, ракети „Сторм шедоу“ од Британците, зошто да не им дозволат да гаѓаат објекти на територијата на Русија? – напиша Џонсон во авторска статија за „Дејли мејл“.
Џонсон, исто така, рече дека украинската армија не може соодветно да им се спротивстави на Русите бидејќи Западот го принудува Киев „да се бори со врзана рака“.
Во исто време, тој повика да се прекинат сите тие „полумерки“ и одложувања во прашањето за испораката на оружје и да се дозволи Киев „да ја заврши работата што ја започна“, а тоа е да му се овозможи на Киев да ги користи сите инструменти што Западот веќе и дал на Украина.