Борел ги повика Вучиќ и Курти на итен состанок во Брисел

Сподели со своите пријатели

Високиот претставник на ЕУ Јосеп Борел објави дека ги поканил српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти во Брисел на итна средба со цел да се најде решение и излез од актуелната криза.

Loading...

Борел на Твитер порача дека на сите им е потребна итна деескалација, како и нови избори на северот.

„Потребна ни е итна деескалација и нови избори на север со учество на косовските Срби. Ова е најважно за регионот и за ЕУ“, рече Борељ.