Борците од НОБ на „Жива библиотека“ со учениците на гимназијата (галерија+видео)

Сподели со своите пријатели

Во организација на Ромскиот младински центар од Куманово денес во Гимназијата „Гоце Делчев“ беше одржан настан под насловот „Жива библиотека“ на кој борците од Народно ослободителната борба разговараа со учениците.

Loading...

[huge_it_gallery id=”232″]

На настанот говореа Спиро Зафировски, Царевка Виличиќ за ослободувањето на Куманово, додека Руфат Јашари зборуваше за искуството од окупацијата на Матејче.

Борбата за ослободување на Куманово започна на 1-ви, а ттраеше до 11-ти ноември. Во таа борба учествуваше кумановската партизанска народноослободителна дивизија – започна со раскажувањето дедо Спирко.

Тој се осврна на тоа како течеле борбите и како борците ослободители биле пречекани на тогашното место Тумба во центарот на градот.

Ученичката на гимназијата Теодора Младеновска рече дека „живи“ книги се преживеаните борци на НОБ.

Посетителите на „живета библиотека“ можат да ги позајмуваат книгите и да слушнат за борбата и жртвувањето од самата книга – изјави Младеновска.

Инаку ова е уште еден настан кој е дел од одбележувањето на празникот на градот.

Loading...