Правосудството на Боливија синоќа го повлече налогот за апсење на поранешниот претседател Ево Моралес, кој е во егзил во Аргентина.
Таквата одлука е донесена една недела по победата на неговиот привразаник Луис Арсе на претседателските избори.
– Неговите (на Моралес) права се прекшени, првенствено правото на одбрана бидејќи не беше уредно повикан на сослушување,изјави претседателот на судот во Ла Паз, Хорхе Квино.
Главниот обвинител на Боливија на 6 јули побара покренување на кривична постапка против Моралес поради бунт и тероризам. Тогаш беше наложено притворање на Моралес.
Поранешниот боливиски претседател на 10 ноември 2019 година под притисок на армијата и протестите на опозицијата беше принуден да даде оставка.
Моралес беше претседател на Боливија од 2006 до 2019 година.
Марина Илиевска