Бојан Костадиновски го фати крстот во „Свети Никола“ (ФОТО+ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Дваесет и едногодишниот Бојан Костадиновски од Куманово го фати крстот во Соборниот храм „Свети Никола“ на празникот Водици – Богојавление.

Loading...

 

 

Костадиновски беше најсреќниот верник кој прв дојде до крстот, меѓу десетиците православни христијани кои денеска влегоа во ладните води на црковниот базен.

 

 

Loading...

Вели дека по трет обид за прв пат тој го фатил крстот.

– На сите нека им даде Господ здравје, среќа и радост, бериќет дома. Би сакал многу успеси оваа година, да има здравје па друго ќе си дојде само. Ме мотивираше да скокам за здравје и среќа и очекувам оваа година да ми биде успешна, изјави Костадиновски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Сиљановска Давкова на 2 Август во Пелинце

 

 

Од Соборниот храм, општината и верниците беше даруван со подароци.

 

Loading...

 

 

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

Никола Ивановски