Богата програма за 10. годишен концерт на „Српски вез“

Сподели со своите пријатели

По повод 10.години од своето успешно посторње и работање, КУД „Српски вез“ на 13. мај во НУЦК „Трајко Прокопиев“ од 19:00 ќе организира 10. јубилеен концерт.

Loading...

По повод јубилеот „Српски вез“ подготвува богата културно-уметничка програма. На концертот ќе учествуваат КУД „Плави делија“ од Романија, КУД „Опленац“ од Топола и КУД „Копаоник“ од Лепосавиќ.

Програмата ќе биде збогатена со професионален тамбурашки оркестар кој доаѓа од Романија.

Специјална гостинка на концертот ќе биде Даница Крстиќ еден од најдобрите етно вокали на овие простори.

На самиот концерт ќе настапат сите 5 фолклорни групи на КУД „Српски вез“, група на почетници или школа за фоклор, детски ансамбл, младински ансамбл и прв изведувачки ансамбл. Свој настап ќе има нашата пејачка група, етно групата придружувана од нашиот Оркестар, велат од културно-уметничкото друштво.

Најавено е присуство на Градоначалникот на Куманоово, високи претставници од Србија и  Македонија, како и представници од културата и културни уметнички друштва од регионот и дијаспората.

10. јубиеен концерт е подржан од страна на Управата за соработка со дијаспора и Србите од регион при Министерство за надворешни работи на Република Србија, Министерство за култура на Република Македонија како и од Општина Куманово.

Никола Ивановски

Loading...