Бочварски – Балуку: Потпишани документи кои ќе придонесат за развој во патниот, водниот и воздушниот транспорт

Сподели со своите пријатели

Заложбите за создавање на развиен и интегриран регион, како и потребата од интензивирање на меѓусебната комуникација со соседите, особено во времиња на светски кризи кои бараат активна соработка и координација, е врвен приоритет на Владата на Република Северна Македонија.

Loading...

Ова беше потврдено на денешната меѓувладина седница помеѓу Владите на Република Северна Македонија и Република Албанија, од каде произлегоа значајни иницијативи и меморандуми во делот на инфраструктурното поврзување помеѓу двете земји.

Во рамки на меѓувладината седница, министерот за транспорт и врски на Република Северна Македонија, Благој Бочварски, заедно со министерската за инфраструктура и енергија на Република Албанија, Белинда Балуку, потпишаа Меморандум за разбирање помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Советот на министри на Република Албанија за развој на патната поврзаност помеѓу двете земји, односно развој на патниот Коридор 8, Спогодба за меѓународен воден транспорт во Охридското езеро, како и Спогодба за делегирање на услуги во воздушниот сообраќај на дел на воздушниот простор над Охридското езеро за спроведување на меѓународни воздушни операции на аеродромот Св. Апостол Павле.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  На Клиника за ортопедија извршена втора успешна трансплантација со коска од починат донор

Со потпишување на овие значајни документи значително се унапредува билатералната активност и се зајакнува меѓусебната соработка, потенцираше министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.

„Особено ми е драго што денеска со министерката за инфраструктура и енергија на Република Албанија, Белинда Балуку, ги потпишавме овие спогодби со кои ги потврдуваме цврстите заложби за унапредување на меѓусебната соработка и инфраструктурна поврзаност, со цел забрзан економски развој на регионот и забрзување на нашиот пат кон Европската Унија. Ваквите времиња бараат особена заложба од двете страни, координирани и заеднички дејствија за да ги минимизираме негативните последици од светската економска и енергетска криза и можам да кажам дека преземаме значајни чекори и мерки во таа насока. Овие меморандуми и спогодби што ги потпишавме на денешната средба ќе ја унапредат нашата соработка и ќе донесат сериозни бенефити за нашите граѓани, за нашите две земји.“ – истакна министерот за транспорт и врски на Република Северна Македонија, Благој Бочварски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Еди Рама клекна пред италијанската премиерка за да ѝ даде подарок (ВИДЕО)

Регионалното поврзување и создавањето на модерни и безбедни паневропски коридори останува силен фокус на Министерството за транспорт и врски, работиме на исполнување на нашите приоритети со цел подобро поврзување на целиот регион.