Блумберг за посетата на Шолц на Јужна Америка: Целта на Германија е да стигне до литиум пред Кинезите

Сподели со своите пријатели

Германскиот канцелар Олаф Шолц се надева дека неговото патување во Јужна Америка овој викенд ќе му помогне на Берлин да обезбеди дополнителни резерви на литиум што им се потребни на германските автомобилски гиганти за батерии за електрични автомобили.

Loading...

Шолц, кој ќе се сретне со чилеанскиот претседател Габриел Бориќ во Сантијаго, сака поголем дел од литиум за најголемата европска економија, рекоа извори запознаени со ова прашање, објави Блумберг.

Дел од стратегијата на Германија е да заснова поголем дел од производствениот процес локално во Чиле и да помогне екстракцијата и преработката да бидат помалку штетни за животната средина, додаваат изворите на Блумберг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Поскапе регистрацијата на автомобилите

Германската влада има намера да му понуди на Чиле договор кој би бил попрофитабилен од оној што го имаат со Кина, вели изворот.

Чиле е втор најголем снабдувач на литиум во светот, зад Австралија, а голем дел од производството оди во Кина, според Блумберг.

Во Буенос Аирес, Германија и Аргентина потпишаа меморандум за разбирање во саботата, со намера на Берлин да му овозможат пристап до богатите извори на литиум.

По состанокот со аргентинскиот претседател Алберто Фернандез, Шолц рече дека е против „политика која им служи само на интересите на земјата која сака сама да преработува стоки“.

Шолц директно ја нарече Кина „ривал на Германија на глобалниот пазар на стоки“

„Има земји кои веруваат дека сите суровини доаѓаат од Кина, но тоа не е точно. Многу суровини доаѓаат, на пример, од Аргентина и Чиле, тие се испраќаат во Кина и таму се преработуваат, па се продаваат. Дали преработката на овие материјалите, кои отвораат илјадници работни места, не можат да се префрлат во земјите од каде доаѓаат овие материјали“, праша Шолц.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Поскапе регистрацијата на автомобилите

Блумберг објави дека подоцна, при посетата на Сантијаго, Шолц ќе испрати слична порака.

Последната станица на јужноамериканската турнеја на Шолц ќе биде Бразил, каде ќе се сретне со претседателот на таа земја Луис Игнасио Лула да Силва.