Американскиот државен секретар Ентони Блинкен телефонски разговарал со соборениот претседател на Нигер Мохамед Базума, повторувајќи го неговиот повик до пучистите веднаш да го ослободат.
„Разговарав со претседателот Базума од Нигер за да ги пренесам нашите континуирани напори за изнаоѓање мирно решение за актуелната уставна криза. САД повторно повикуваат на негово итно ослободување“, напиша Блинкен на социјалната мрежа „Х“, поранешниот „ Твитер“.
Бунтовниците извршија воен удар во Нигер на 26 јули, по што ги затворија границите, воведоа полициски час, го суспендираа уставот и ги забранија политичките партии.
Тие го доведоа на власт генералот Абдурахман Тијани, чии приврзаници го затворија Базум во неговата палата.