Блинкен не предвидува средба со колегите од Русија и Кина за време на состанокот на Г20

Сподели со своите пријатели

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска изјави дека „не предвидува“ средби со министрите за надворешни работи на Русија и Кина Сергеј Лавров и Чин Ганг за време на овонеделниот самит на Г-20 во Индија.

Loading...

„Не очекувам средба со нив на Г-20“, рече тој за време на посетата на Узбекистан, но додаде дека очекува да учествува со нив на заедничките состаноци на групата.

Блинкен истакна дека Русија е навистина подготвена да се ангажира дипломатски за да ја прекине агресијата врз Украина, САД ќе бидат првите кои ќе бидат подготвени да работат на тоа, но дека нема докази во таа насока.

Блинкен не е во иста просторија со Лавров од минатиот јули и од претходната средба на Г20.

Нивната последна билатерална средба беше во јануари 2022 година, неколку недели пред почетокот на руската инвазија на Украина.

„Вистинското прашање е дали Русија еден ден навистина ќе биде подготвена да ја прекине својата агресија и да дејствува во согласност со Повелбата на Обединетите нации“, рече Блинкен.

Што се однесува до веќе заладените односи меѓу Кина и САД, тие дополнително се влошија откако американски борбен авион собори кинески балон што леташе над САД на 4 февруари, за кој Вашингтон рече дека е шпионска направа.

Блинкен вечерва треба да замине за Индија на состанок на министрите за надворешни работи на Г20 по дводневната посета на Централна Азија со цел зајакнување на влијанието на САД во регионот во однос на Русија и зголеменото влијание на Кина.

Loading...

Тој вчера разговараше со своите колеги од петте централноазиски републики (Казахстан, Киргистан, Узбекистан, Таџикистан и Туркменистан) во главниот град на Казахстан, Астана.

Се очекува состанокот на министрите за надворешни работи на Г-20 да биде обележан со разлики околу прашањето за руската офанзива во Украина.

Министрите за финансии на Г20 не можеа да се договорат за заедничка изјава во саботата, откако Кина и Русија не одобрија делови од документот за „војната во Украина“.