Обичаи и традиција имаме сите. Мора да признаеме дека некои од обичаите се тотално бизарни. Овие неколу во продолжение се од различни делови од светот, а ќе ве натераат да се запрашате во каков тоа свето ние всушност живееме.
Замислете ги најодвратните работи на овој свет и замислете ги вашите пријатели кои ги фрлаат врз вас. Ужасно, нели? Уште поужасно е што потоа ве врзуваат за дрво. Ова е типично за поедини делови од Шкотска, а се вели дека ако идната сопруга може да го издржи сето ова, тогаш може и бракот.
Дефинитивно мора се се сложиме дека секаде постојат различни стандарди за убавина. Во некои земји мажите сепак повеќе сакаат поктрупни жени. Во Мавританија постои фарма каде идните сопруги ги доведуваат како деца з да ги гојат и што побргу да ги омажат. Девојките тука се присилени да прејадуваат, ако повраќаат ги тераат да јадат пвоторно, а ако не сакаат да јадат тогаш следува казна. Ова популарно се нарекува „Леблоух“.
Во Гана удовицата мора да помине ноќ со целосен странец за да се исчисти од дугот на својот покоен маж.
Момчињата во племето Самбиан во Нова Гвинеија ги држат подалеку од девојките додека растат. Тие се принудени да проголтаат семена течност од најмоќните воини на своето племе. Се смета дека тоа е важна работа во растењето на секој маж.
Во Кина идните снаи мора да плачат секој ден по еден час време, месец дена пред венчавката. Мајката се придружува на идната сопруга 10 дена, а тогаш бабата, па секоја друга жена од семејството. Плачењето требало да ја покажува радоста и затоа жените плачат во различни тонови, па така плачењето звучи како песна.
Во Јужен Судан, во племето Неур се смета дека браот не е целосен ако жената не роди две деца. Доколку не успее во тоа, мажот може да бара развод.
Во племето Масаи, во Кенија, таткото ги благословува ќерките така што плука врз нејзината глава и гради, пред младоженецот да ја одведе од селото.
Кога младата и младоженецот ќе играат, нозете на младата мора да бидат постојано во воздух. Ирците веруваат дека така злите вили ќе дојдат и ќе ја украдат младата, доколку ги спушти нозете на под.
Во Француска Полинезија по свадбата, роднините на снаата легнуваат на земја со лицето надолу и младите сопружници чекорат преку нив.
Во некои делови од Индија, младоженецот мора да се собуе пред да стапне пред олтар. Тоаш започнува општа хабарија. Сватовите од страната на снаата се обидуваат да ги украдат, додека сватовите од страна на младоженецот се обидуваат да ги одбранат.
Иако нитуе една држава на светот не приваќа бракови измеѓу луѓе и животни официјално, сепак тие често се практикуваат за да се истераат злите дугови, како на пример во Индија.
Племе во Нова Гвинеја дозволува на децата од шест години да стапуваат во брак. Дозволено им е да имаат односи пред бракот, но затоа не смеат да делат оброци додека не бидат венчани.
Во Конго, сопружниците мора да бидат сериозни во текот на целата свадба затоа што бракот така треба и да госфатат – како сериозна работа.
Кога венчавката е готова, во Јужна Кореја, пријателите на младоженецот му ги собуваат чорапите и го удираат со риби по нозете, за да го припремат за првата брачна ноќ.
Носењето на бела боја се верува дека е традиција која на западот ја започнала кралицата Викторија за принцот Алберт. Ова тогаш на сите им било многу конфузно, затоа што белата облека тогаш претставувала жалење.