Шведската полиција денеска соопшти дека вкупно 11 лица, вклучувајќи го и напаѓачот, се убиени во престрелка во централниот дел на земјата.
„Единаесет лица загинаа, меѓу кои и напаѓачот“, е новиот биланс од нападот што го објави полицијата во градот Оребро.
„Мотивот за нападот се уште не е познат, но сè укажува дека сторителот дејствувал сам“, се додава во соопштението.
Нападот се случи во вторникот во центар за образование на возрасни во предградието на градот Оребро, околу 200 километри западно од Стокхолм.
Ученик во училиштето Рисбергска, кој сакаше да остане анонимен, а кој беше на неколку секунди од влез во зоната на пукање при нападот во училиштето за образование на возрасни, за медиумите ги кажа сите детали од овој масакр.
The school shooter in action in Örebro today. pic.twitter.com/2TRxQC3Cum
— Rebecca Mistereggen (@RMistereggen) February 4, 2025