Во овие моменти по смртта на британската кралица Елизабета Втора пристигнуваат многубројни пораки од високи сегашни и поранешни функционери.
Еден од првите што се збогуваше беше поранешниот претседател на Соединетите Американски Држави, Бил Блинтон.
„За време на нејзиното извонредно 70-годишно владеење, таа ја водеше Британија низ трансформации со непрекината благодат, достоинство и искрена грижа за благосостојбата на целиот нејзин народ“, рече Клинтон.
Од кралицата Елизабета засега се простија и поранешниот премиер на Велика Британија Тони Блер, претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, претседателот на Франција Емануел Макрон и многу други.
My thoughts and prayers are with the Royal Family and all the people Her Majesty inspired throughout her lifetime of service. pic.twitter.com/r5pjncyCu8
— Bill Clinton (@BillClinton) September 8, 2022
Сите информации поврзани со најновите случувања во Велика Британија можете да ги прочитате ТУКА.