Лансирањето на ракетата New Glenn од Blue Origin на Џеф Безос е откажано за денеска, по неколкучасовни подготовки во космодромот на Флорида.
– Го откажуваме денешното лансирање поради некои потсистемски проблеми за кои е потребно повеќе време отколку што имаме денес. Разгледуваме опции за следниот обид за лансирање – објави Blue Origin.
Првичниот план беше ракетата долга 98 метри да биде лансирана во петок, а потоа во сабота, но двата дена беа откажани поради немирното море во зоната за слетување.
Оваа ракета за повеќекратна употреба се очекува да го промени пејзажот на орбиталниот транспорт и да ја разниша доминацијата на SpaceX на Илон Маск во САД. Сепак, засега лансирањето допрва треба да се случи.
Како што пренесува Си-Ен-Ен, не е јасно дали во наредните денови ќе има нови обиди за испраќање ракета во вселената, ниту пак има нов рок.
– Ќе процениме што треба да направиме во наредниот период. „Тоа ќе одреди кога ќе ја имаме нашата следна можност за лансирање“, рече Аријане Корнел, потпретседател за вселенски системи во Blu Origin.